Фарел Вилијамс денес се срами од својот мега хит „Blurred Lines“

од desk4
248 прегледи

Славниот продуцент Фарел Вилијамс даде интервју за списанието GQ и се осврна на контроверзиите кои ги предизвика неговата мегапопуларна песна „Blurred Lines“снимена во 2013 годна заедно со колегите Робин Тик и Ти-Џеј.


Американскиот музичар и продуцент призна дека денес е многу посвесен дека стиховитее се сексистички и шовинистички но додава дека отпочетокот не можел да сфати зошто многу слушатели го доживувале како своевидно поттикнувањае на секс без согласност т.е силување.
– Во мојата младост некои нешта беа дозволени, но денес нема шанса јавноста да ги толерира. Објективизирањето на жените не поминува. Искрено се срамам од некои стихови кои ги имам напишано и затоа веќе не ги пеам на концертите. Ми требаше многу време и личен раст да дојдам до таа точка на размислување – изјави популарниот музичари додаде дека на почетокот не му биле јасни негативните реакции на песната, бидејќи „многу жени ја пееле“, но потоа сфатил дека повеќето мажи во обид да ги искористат жените се служат токму со тој јазик и зборови кои тој ги користи во спорниот сингл.
– „Знам дека го сакаш тоа“…. „Сигурно сакаш да бидеш бесна“… Иако лично никогаш не сум се однесувал така, сознанието за вистинското значење на тие стихови и како тие влијаат на жените ме засрами – изјави Фарел
– Културата во нашата земја е шовиниситичка и некои мои песни за жал, придонесоа за тоа – заклучи Вилијамс.

Слични содржини