348
Епл не престанува да бележи добри резултати кога станува збор за продажбата, а бројките се зголемија само откако iPhone 12 се појави во продажба.
Шефот на компанијата од Купертино, Тим Кук, за Ројтерс изјави дека растот на продажбата во Кина е клучен во претходниот период, потенцирајќи дека продажбата на уредите Ајфон 12 достигна нови рекорди.
Финансискиот директор на, Лукас Маестри, објави дека во моментов се користат дури 1,65 милијарди модели на Ајфон – што е многу импресивна бројка.
Генерално, овој квартал беше многу успешен за Епл, бидејќи заработија повеќе од 111 милијарди долари.