Фатен бегалец од затвор кој со себе имал фалсификувани бугарски документи

од Nikola Popovski
22 прегледи

Полицијата фатила бегалец од затвор кој со себе имал фалсификувани бугарски лични документи. Според МВР, вчера во 12.00 часот кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од Мобилната единица компезаторни мерки при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Џ.С.(32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна.

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани.

-По проверките било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија, по што лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од МВР.

Слични содржини