ФАТЕН НА ДЕЛО: Конзул уапсен при примање доверливи информации

од Stefanija Kuzmanovska

Федералната служба за безбедност го уапси украинскиот конзул Александар Сосоњук во Санкт Петербург, додека тој примал доверливи информации од руски државјанин, пренесе „Б92“.

Според ФСБ, конзулот на Генералниот конзулат на Украина бил фатен на дело додека добивал информации што се наоѓаат во базата на податоци на безбедност.

Нагласено е дека активноста на Сосоњук е „непријателска кон Русија и неспоива со статусот на дипломатски службеник“.

Украинскиот конзул ќе биде казнет во согласност со правилата на меѓународното право.

Според меѓународните стандарди, дипломатите имаат имунитет во земјата во која работат, но може да бидат лишени од правото на престој во случај на кршење на законот или непријателски активности.

Слични содржини