Планирани се напади со хемиско оружје.
Група од 25 обучени исламски терористи се префрлени во Турција, автомобили со експлозиви се скриени во гаражи до сириската граница, а два шпионски авиони ќе напаѓаат цели со хемиско оружје и ракети, произведени во Алепо. Ова се само дел од откритијата на фатен и предаден на суд Турчин Ерсен Челик, познат како инженер по технолошки набавки на ИД, со кодирано име Абу Муса.
Челик соопштил уште дека се доставени од сирискиот град Алепо хемиско оружје и ракети, кои се складирани во турскиот град Килис до границата.
Шпионски беспилотни летала тој ги купил во Истанбул преку интернет, а тие се опремени со камери и сценска техника за ноќно гледање, и со сензори за присуство на мини. По наредба на командантот деловите на ИД во Алепо Абу Јахја со нив тој се насочил кон турските војници на границата со Сирија.
Планиран е удар од воздухот по градот Килис со беспилотни авиони, при што едниот може да биде натоварен со 50 килограми експлозив, другиот со 17 кг. Од 18 јануари преку граничното гратче е подложено на стрелба со “катјуши”, а гранатите се истрелуваат од контролираната од исламските терористи зона Баб, прти што се убиени 17, меѓу кои 6 Сиријци.
Од почетокот на конфликтот во Сирија во турскиот град со население 93.000 лица најдоа прибежиште 130.000 бегалци од Алепо. Челик добил наредба да обучи група од 10 бомбаши-самоубијци, кои ќе ја окрвават Турција и во моментов се во очекување на наредби.
“Тројца од нив се во Алепо, останатите дојдоа од Ракка, сите се странски државјани. Крај границата со Турција се наоѓаат бројни делови на бунтовници на ИД поврзани со групата Џеј ул Калифа екипи од смртници се во мирување. Друга група од 25 борци поминала најжестока обука за претстојните во Турција терористички напади во кампот во Мембич, а таму во локалниот универзитет се наоѓаат руски и чеченски групи, подготвени за самоубиствени напади. Сите тие се во очекување на наредби за напад на различни точки во Турција. Автомобили со експлозиви и арсенал за воздушни напади се складираат во напуштени гаражи во селата до граничниот град Сурат “, открива Челик.
И уште дека во Алепо се произведуваат хидрогенски бомби и хемиско оружје, а во Мембич стојат ракети за далечно уништување. Човек по име Чечен Јумер складира хемиско оружје во поранешна фабрика во центарот на Ракка. ИД располага со 71 авиони, заземен од режимот на Асад, 3 борбени од нив се во готовност на аеродромот воа Табка, а во Ирак достапни се 3 ловци F-16, посочува Челик.
Тој открива дека во централата во Алепо инженери работат на производство на моќни водородни бомби наменети за тотално уништување на растојание од 60 километри. Во многу блискиот до турската граница регион РАИ се складирани изготвени во Азербејџан експлозиви, а во Турција веќе се префрлени преку шверцувани канали далекотсренли топови, рачни бомби, експлозив од тринитротолуен / ТНТ / и друг арсенал за убивање. Тие се внесуваат во 15-20 килограми и се слушнале преку границата до Елбејли.
Со 30.000 долари, дадени од Абу Јахја Шам, Челик пристигнува во Истанбул и купува хеликоптери, по што шверцерот ги пренесува во Елбејли во Сирија, а подоцна е обвинет за кражба и отстранет од службата во ИД. Со помош на Туркменистанци се враќа во Турција по тајни патишта преку границата. Поради признанија за учество во терористичка група и откритијата за попеколна планови Ерсен, Челик е предаден на кривичен суд во Газиантеп.
Обвинителството сака 15 година затвор за него. Во 2014 година 29-годишниот Челик и неговиот брат на 13 година исчезнуваат без трага од нивниот дом во турскиот град Ескишехир и се пренесуваат во Сирија, а кога помалиот успева да се врати, е предаден на полицијата од неговиот татко. Така истрагата утврди дека уште од 2012 година дека Ерсен се вклучил во групата “Ал Нусра”, а подоцна преминува во ИД. Челик не е директно поврзан со нападот на аеродромот во Истанбул.
