СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Д. (31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот на 02.11.2015 година, во менувачница пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 50 евра, која претходно ја набавил од лицето С.З. од Штип.
ПС Виница поднесе кривична пријава против Д.С. (58) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот на 03.11.2015 година во менувачница пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 20 евра со цел да ја замени.
НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Х. (48) од Гостивар, раководител во ЈУ ,,Национален Парк Маврово,, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и А.М. (33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Ф.Х. во својство на одговорно лице во националниот парк, на штета на ЈУ Национален Парк Маврово, искористувајки службена положба постапил спротивно Законот за Шуми, незаконски му потполнил и извадил дозвола на А.М. за сеча на вкупна дрвна маса два кубни метри. А.М. бил забележан од страна на полициски службеници како со помош на трактор пренесува огревни дрва кои биле без шумски жиг и одобрение за сеча.
Кражба во стан и куќа, пожар, сообраќајки, тепачка во кафуле, уапсени осуденици…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Г. (35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на службено лице-заменик командир во Шумска полициска станица Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, со незаконско враќање на одземено товарното возило марка „Мерцедес“ кое на ден 29.03.2012 година поради бесправен превоз на огревно дрво, со Потврда за привремено одземени предмети било одземено од страна на полициски службеници, од сторителот Р.К., со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вредност на вратеното возило.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (30) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Фалсификување исправа“ и „Измама при добивање кредит или друга погодност“. На ден 03.07.2014 год, и 06.05.2014 година пријавениот во Скопје, со намера за себе да прибави Потрушувачки кредит и кредитна картичка од Стопанска банка, употребил фалсификувана потврда за редовен работен однос на нето плата. По ова од страна на банката, врз основа на употребените фалсификувани документи, му бил одобрен и исплатен кредит во износ од 240.000.00 денари како и дозволен лимит од 76.000.00 ден, на кредитна картичка за кои износи и ја оштетил банката.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Р. (28) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Фалсификување исправа“ и „Измама при добивање кредит или друга погодност“. На ден 29.07.2014 и 15.09.2014 година пријавениот со намера за себе да прибави Потрушувачки кредит и кредитна картичка од Стопанска банка, употребил две фалсификувани потврди за редовен работен однос и нето плата. Од страна на банката му бил одобрен и исплатен кредит во износ од 120.000.00 денари, за кој износ ја оштетил банката.
ПС Кочани поднесе кривична пријава против Б.С. (29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и,,Спречување на докажување“, и против лицата Б.С. (81) и В.С. (29), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2015 година од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на првопријавениот и пронајдено е едно растение канабис и пет семки кои потекнуваатод истото растение. Второпријавениот на 03.09.2015 година откако дознал за што е обвинет првопријавениот, со намера да го спречи и отежни докажувањето на делото, искористил прилика и по телефон се јавил на третопријавениот- неговиот син кој бил исто така на наведената адреса и побарал од него да го откорне наведеното насадено растение. Третопријавениот со истата намера да го спречи докажувањето на делото го откорнал растението и го сокрил во куќата .
