Фаучи: Деца од 5 години наскоро би можеле да примат Фајзер

од Nikola Popovski
462 прегледи

Вакцините против Ковид-19 наскоро би можеле да им се даваат на децата на возраст од пет и повеќе години, изјави водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи.

Здравственото регулаторно тело, Управата за храна и лекови на САД (ФДА), ќе ја разгледа препораката на Фајзер, вакцините да се даваат и на помалите деца.

Ентони Фаучи рече дека вакцините може да бидат достапни на почетокот на следниот месец, објави „Њујорк пост“.

Според неговите проценки, младите Американци би можеле да примат барем една доза од вакцината на почетокот на ноември и да бидат целосно имунизирани до божиќните празници.

ФДА претходно одобри дека децата од 12 години и постари можат да примаат вакцина од американската компанија Фајзер.

Слични содржини