Фаучи објасни колкав процент од населението треба да се вакцинира за да се стекне имунитет на стадо

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

За да се стекне имунитет на стадото против коронавирусот, ќе треба да се вакцинираат меѓу 70 и 90 отсто од населението, изјави водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи.

Повеќе од еден милион Американци ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус од 14 декември, што е само 0,3 проценти од населението.

Фаучи, кој ги советува американскиот претседател во заминување Доналд Трамп и новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден во врска со пандемијата, призна дека на почетокот на оваа година верувал дека за имунитет на стадо е потребно да вакцинираат помеѓу 60 и 70 отсто од населението.

– Тука мора да бидеме одмерени. Не знаеме точно кој е реалниот број. Мислам дека е реално некаде помеѓу 70 и 90 отсто, но нема да кажам 90 – истакна Фаучи за „Њујорк тајмс“.

Слични содржини