Фаучи: Се чувствував непријатно кога одев во Белата куќа

од Nikola Popovski

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, откри дека се чувствувал непријатно кога отишол во Белата куќа во време кога многу луѓе во резиденцијата на американскиот претседател биле заразени со коронавирус на крајот на минатата година.

Фаучи, кој има 80 години, во интервју за порталот „Аксиос“ изјавил дека е свесен дека е во голем ризик од „сериозен исход“ доколку се зарази.

„Не се фокусирав на тоа, но тоа беше во мојата потсвест затоа што морав да одам секој ден во Белата куќа, каде што се ширеше вирусот. Затоа се чувствував малку непријатно“, рече Фаучи, а пренесува „Гардијан“.

Минатиот октомври, тогашниот американски претседател Доналд Трамп се зарази со коронавирус, по церемонијата во Роуз Гарден на која ја претстави Ејми Кони Барет за свој кандидат за судија на Врховниот суд.

На настанот беа присутни многу луѓе, од кои многумина не носеа маски.

Најмалку седум присутни беа позитивни на коронавирус, вклучувајќи ги Трамп, неговиот поранешен советник Келиен Конвеј и двајца републиканци.

Слични содржини