Фаучи: Вакцината на „АстраЗенека“ е добра, но можеби на Америка не ѝ е потребна

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Највисокиот американски здравствен службеник за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, изјави дека ефективноста на вакцината на „АстраЗенека“ е добра и дека има потреба да се реши прашањето за нејзината безбедност, но дека на Америка можеби нема да ѝ биде потребно заради испораката на други вакцини.

„Сметам дека вакцината на АстраЗенека е добра од аспект на ефикасноста и доколку се решат прашањата за безбедноста во ЕУ“, изјави Фаучи за Би-Би-Си.

Тој додаде дека не е јасно дали САД некогаш ќе ја користат оваа вакцина, но дека во овој момент се чини дека не им е потребна.

„Ова не е негативно обвинение против АстраЗенека, но можно е само да не ни требаат вакцините на АстраЗенека со оглед на залихите од други компании“, рече Фаучи.

Европските регулатори ја испитуваат вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ за случаи на ретка тромбоза. Овој феномен не е докажан во САД.

Слични содржини