219
Истрагата на ФБИ покажа дека американскиот актер Алек Болдвин го повлекол чкрапалото од пиштолот што ја уби камерманката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Rust“, што покажува дека актерот дал лажни изјави во врска со овој случај, објави „Скај њуз“.
Иако извештајот ја окарактеризира смртта на камерманката како „несреќен случај“, новата истрага на ФБИ покажа дека куршумите не можеле да бидат испукани без физички контакт, што фрла сомнеж врз тврдењата на актерот Болдвин.
Смртта настапила од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи на органите за спроведување на законот не покажа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето, се вели во извештајот.