ФБИ го истражува Сајбер-нападот врз сајтот за неверства Ashley Madison

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Американското Федерално биро за истраги /ФБИ / соопшти дека  го истражува хакерскиот  напад врз сајтот за онлајн врски  и средби за врзаните во  Ashley Madison, пренесоа агенциите.

неверства

Вчера хакери кои го пробија  сајтот пред еден месец, објавија имињата на илјадници негови корисници. Меѓу нив се најдоа и илјадници соработници на државната администрација на САД, наведува ТАСС.

Илјадници припадници на вооружените сили на САД ги користеле услугите на сајтотASHLEY Madison. Сајтот посетувале и стотици корисници од други сектори, вклучувајќи и Белата куќа, наведува американското издание “Вашингтон екзаминр”. Според неговите податоци во сајтот се биле регистрирани 44 корисници со електронска адреса, завршувајќи на whitehouse.gov.

Меѓу постојаните посетители на сајтот имало 33 вработени на Стејт департментот, 104 – на министерството за ветерански прашања, 88 вработени на Федералното управување зазатворите, 52 на американските пошти и 45 на Министерството за внатрешна безбедност. На сајтот  биле регистрирани и најмалку 15 000 корисници на компјутери кои припаѓаат на војската и на владини сектори.

Според “Вашингтон екзаминр” сепак некои од електронските адреси со кои се пријавија корисниците, може да се покажат и  како лажни.хак

Неодамна хакери се здобие со податоците на 334 000 американски даночни обврзници,откако прободен заштитата на базата на податоци на американската даночна служба, потсетуваат агенциите.

Сајтот Ashley Madison е сопственост на регистрираната во Канада компанија Авид Лајф наведува Франс прес. Компанијата соработува со властите, за да бидат откриени киберпиратите.

Минатиот месец Американското Федерално биро за истраги во соработка со агенции за уште 19 земји го  затворија интернет порталот Даркоуд (Darkode), кој е еден од главните форуми на хакери за продажба и купување на штетни  софтвери и бази на податоци, пренесоа светските агенции.

“Даркоуд е една од најсериозните закани за податоците зачувани на компјутери во САД и во светот, каде активни се и хакери од Македонија. Тој беше најголемиот и најстариот професионален од англиското говорно подрачје форум за компјутерските криминалци од целиот свет”, соопшти Министерството за правда на САД.

Обвинителот Дејвид Хиктн тогаш соопшти дека се уапсени 12 лица во Пенсилванија, а се бараат вкупно околу 70 лица во САД и уште 19 земји.
Во овој интернет портал хакерите  продавале скршени бази на податоци кои содржат милиони адреси на електронски пошти и лозинки, како и други лични информации на корисниците од целиот свет. Пристап до овој форум се добивал само со покана од веќе регистрирани во него хакери.

Уапсените или најбарани кај оваа операција лица живеат во САД, Велика Британија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бразил, Канада, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Германија, Израел, Латвија, Македонија, Нигерија, Романија, Србија и Шведска.