Федералното биро за истраги (ФБИ) го истражува хакирањето на нивната компјутерска мрежа во изолиран инцидент кој сега е под контрола, објави денеска агенцијата.
ФБИ е запознаен со инцидентот и работи на добивање дополнителни информации, се вели во соопштението на агенцијата до „Ројтерс“ испратено преку е-пошта, без да се наведат дополнителни детали.
Си-Ен-Ен, кој прв објави за инцидентот повикувајќи се на луѓе запознаени со истиот, наведе дека претставници на ФБИ веруваат дека компјутерите во канцеларијата на бирото во Њујорк, каде што се истражува сексуалната експлоатација на деца, биле хакирани, пренесува „Танјуг“.
Засега не се знае кога точно се случил инцидентот.
Неименуван извор изјавил за Си-Ен-Ен дека изворот на хакираните компјутери се уште е под истрага.
Хакирањето на ФБИ е последниот во серијата хакерски инциденти насочени кон институции од висок профил на САД во изминатата деценија.