ФБИ: Најмалку 115 лица загинаа во пожарите на Хаваи, околу 1.100 се водат како исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 115 лица загинаа, а 1.100 се водат како исчезнати во пожарите што ги зафатија Хаваите, соопшти денеска ФБИ.

Во извештајот објавен од ФБИ, две недели по пожарите што го зафатија островот Мауи, е испратен повик до роднините кои би можеле да ја олеснат потрагата по исчезнатите, пренесува „Фигаро“.

Се претпоставува дека трагедијата би можела да биде и многу посериозна, бидејќи пожарот за малку ќе го израмнеше туристичкиот град Лахаина, кој имаше 12.000 жители, а во јавноста се појавија неколку различни списоци на исчезнати лица, пред се на профилите на мрежите на полицијата и Црвениот крст.

Слични содржини