ФБИ не пронајде доверливи документи во домот на Бајден

од Nikola Popovski
149 прегледи

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) изврши претрес во домот на претседателот Џозеф Бајден во Делавер, како дел од истрагата за неговото чување на доверливи документи.

-За време на претресот не беа пронајдени такви документи, изјави во средата Боб Бауер, адвокатот на американскиот претседател.

Тој наведе и дека е во интерес на оперативната безбедност и интегритетот на истрагата, претресот да се изврши без јавни предупредувања.

Претресот беше спроведен без налог бидејќи Бајден се согласил на тоа. Од ФБИ не се огласија после претресот.

Истрагата во Рехобот е трет случај федерални агенти да пребаруваат имоти поврзани со американски претседател во потрага по доверливи материјали.

Слични содржини