ФБИ отвори истрага за протекување на доверливи документи за израелскиот напад врз Иран: Сателитски снимки ги откриваат плановите

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Федералното истражно биро (ФБИ) истражува јавно објавување на строго доверливи разузнавачки документи кои ги опишуваат подготовките на Израел за одмазднички напад врз Иран, соопшти денеска Бирото.

„ФБИ ги истражува наводите за протекување на доверливи документи и тесно соработува со нашите партнери во Министерството за одбрана и разузнавачките агенции“, се вели во соопштението.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, вчера изјави дека не е утврдено дали станува збор за хакирање или протекување информации, и дека претседателот Џо Бајден го следи развојот на истрагата.

– Не сме сигурни како овие документи се нашле во јавноста. Претседателот е длабоко загрижен поради било какво протекување на доверливи информации. Тоа не треба да се случи, а неприфатливо е кога ќе се случи, рече Кирби.

Според американски медиуми, документите ги подготвила Националната агенција за геопросторно разузнавање и се однесуваат на планирањето на израелската авијација и морнарицата според сателитски снимки од 15 и 16 октомври. Информациите минатата недела се појавија на социјалната мрежа Телеграм.

Слични содржини