ФБИ упадна во американскиот дом на руски олигарх, близок соработник на Путин, пренесува Си-Ен-Ен.
ФБИ спроведува „полициски активности“ во Вашингтон, во домот на рускиот олигарх Олег Дерипаска, изјави портпаролот на ФБИ.
Активноста е поврзана со федералната истрага од Њујорк, рече портпаролот, а истрагата е во тек, пишува Си-Ен-Ен.
Влезот во куќата на Дерипаска беше затворен и беше поставена полициска лента. Неколку полициски автомобили се паркирани пред влезот, а агент на ФБИ ја чува патеката.
САД го санкционираа олигархот во 2018 година, што беше одговор на мешањето на Русија во изборите во 2016 година. Во соопштението на Министерството за финансии со кое се потврдуваат санкциите се наведува дека Дерипаска е под истрага за „перење пари и обвинета за закани кон деловни партнери и незаконско прислушкување владини претставници и учество во изнуда и рекет“.
Фото: TASS / Profimedia