ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5%, дополнително ја намали прогнозата за раст

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Американската централна банка (ФЕД) ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, што е побавно темпо во однос на претходните зголемувања, но со предупредување дека се уште не е време да се запре и дека стапката треба да надмине 5,00 отсто.

Каматната стапка сега е во опсег од 4,25 до 4,50 отсто, соопшти ФЕД по денешната седница.

Ова е највисокото ниво од 2007 година. Банката сега предвидува дека инфлацијата ќе забави до 3,1 отсто само во 2023 година, во споредба со претходната прогноза од септември кога се предвидуваше дека инфлацијата ќе падне на 2,8 отсто.

Банката на федерални резерви, исто така, драстично ја намали својата прогноза за раст за 2023 година, која сега очекува да биде 0,5 отсто, што е намалување од претходно очекуваните 1,2 отсто.

Слични содржини