ФЕД: Инфлацијата е превисока, посилно ќе ги зголемиме каматните стапки

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Претседателот на американската централна банка (ФЕД), Џером Пауел изјави дека централната банка ќе преземе силни мерки против инфлацијата, која, како што вели, го загрозува инаку силното економско закрепнување.

„Пазарот на трудот е многу силен, но инфлацијата е превисока“, рече Пауел во говорот пред членовите на Националната асоцијација за бизнис економија (NABE), пренесe CNBC.

Неговото обраќање доаѓа помалку од една недела откако ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за прв пат по повеќе од три години во обид да се справи со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години.

Слични содржини