Федералните резерви ја зголемија референтната каматна стапка за 0,75% втор пат по ред

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Федералните резерви на САД ја зголемија референтната каматна стапка за 0,75 отсто вторпат по ред на седницата што заврши доцна синоќа, во обид да ја спречи рекордно високата инфлација без да предизвика рецесија.

Зголемувањето на референтната стапка на кредитите преку ноќ во опсег од 2,25-2,50 отсто, односно за по 75 базични поени во јуни и јули, претставува најстрога последователна акција откако ФЕД почна да ја користи каматата како главна алатка на монетарната политика на почетокот na 1990-тите, пренесe CNBC.

Каматата од федералните фондови најдиректно влијае на стапката што банките си ја наплатуваат меѓусебно за краткорочни заеми и се вбројуваат во различни банкарски производи како што се хипотеки, заеми за автомобили и кредитни картички. Со ова зголемување, стапката на федералните фондови сега е на највисоко ниво од декември 2018 година.

Слични содржини