239
„Русите убија 328 цивили во Буча“, изјави за Би-би-си Анатолиј Федорук, градоначалник на градот. Тој вели дека бил сведок на неколку егзекуции од руските сили.
„Видов три цивилни автомобили кои се обидуваа да побегнат кон Киев. Тие брутално ги нападнаа. Видов трудница чиј сопруг врескаше и молеше да не биде убиена, но тие ја застрелаа“, ги опиша тој ужасите.
Федорук ги обвини Русите дека ловат локални политичари. Тој му порача на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ги негира обвиненијата за воени злосторства, да дојде во Буча и да ги погледне телата на мртвите луѓе и да погледне во очите на нивните семејства, мајки, сопруги, деца без родители.