Фејсбук го блокираше официјалниот профил на руската делегација на преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена, изјави денеска Константин Гаврилов.
Тој ја предводи руската делегација.
„Фејсбук го блокираше профилот на делегацијата во петокот, наведувајќи ја забранетата содржина како причина“, изјави тој за ТАСС, додавајќи дека делегацијата објавувала изјави на руските лидери и на руското Министерство за надворешни работи.
Според Гаврилов, руската делегација планира да го постави прашањето за овој проблем во структурите на ОБСЕ.