Фејсбук додава нови аудио производи на својата платформа

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници ќе можат да слушаат подкасти директно на апликацијата Фејсбук во наредните месеци.

Фејсбук воведува нови можности во време кога пазарот за аудио формат експлодира за време на пандемијата, од подкасти до платформата „Клабхаус“.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и пуштање подкасти.

Фејсбук, исто така, ќе додаде алатки за создавање аудио содржина, кратки аудио формати и, пред сè, „простории за разговор“, звук и во живо (аудио-простории во живо), инспирирани од успехот на „Клабхаус“, каде корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.

Брзото ширење на апликацијата, стара само една година, го покажа потенцијалот на услугите за аудио разговор, особено додека луѓето престојуваа дома за време на пандемијата на коронавирус.

Слични содржини