Фејсбук дозволи анимирани реклами и пораки од компании

од Vladimir Zorba
97 прегледи

По долги години тврдоглаво одбивање, Facebook одлучи да им овозможи на компаниите да користат анимирани банери и публикации, соопштува блогот TechCrunch. За сега пристап до новите можности ќе имаат само две компании, но постепено нивниот број ќе се зголемува.zx450y250_2594512

Години по ред Марк Цукерберг не го дозволуваше воведувањето на анимирани реклами и публикации од компаниите. Основачот на Facebook сметаше дека тие ќе го нарушат корисничкото искуство и ќе ги одбијат луѓето.Сега сепак, компанијата одлучила да проба, откако корисниците веќе се навикнати на видео клиповите во социјалната мрежа, кои се пуштаат автоматски.

Анимирани банери и публикации ќе можат да пуштаат прво Wendy’s и бразилскиот бренд Нат Coca-Cola Kuat. GIF-овите ќе се гледаат само во спонзорирани публикации, кои ќе се претворат во главниот рекламен формат на Facebook. Малите реклами во десната колона постепено ќе исчезнат целосно.Според Facebook GIF-овите се забавен начин да се комуницира и може да овозможат создавање на креативни реклами. Ако компанијата и првите рекламни се задоволни од резултатите, функцијата ќе биде активирана и за останатите корпоративни страници.