Фејсбук ги менува правилата за слободно изразување

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Корисниците на Фејсбук сакаат да објавуваат и да коментираат што сакаат во социјалната мрежа, а некои влади претпочитаат тоа да не е токму така. Во обид да најде соодветен баланс, најголемата социјална мрежа објави ажурирана верзија на правилата за слободно изразување, во кои појаснува која содржина е дозволена.facebook_experiment
Една од најголемите промени е дека корисниците не се обврзани да се регистрираат со вистински имиња. Наместо тоа, компанијата вели дека сака луѓето да ги користат нивните „автентични идентитети“.
Освен тоа Фејсбук појасни што подразбира под говор на омраза. Во вклученото не влегува сатира, хумор и социјален коментар за чувствителна тема. Освен тоа социјалната мрежа дозволува цитирање на искази кои би биле класифицирани како говор на омраза, ако е со цел привлекување на внимание кон проблем.
Компанијата експлицитно наведува дека забранува било каква сексуална содржина со малолетници, како и закани за објавување на интимни фотографии или нудење сексуални услуги. Фото и видео со сексуално насилство од каков и да е вид, исто така се забранети.
Истовремено од социјалната мрежа веќе ќе дозволуваат објавување на „уметничка голотија“. Тука влегуваат „фотографии, слики и друга уметност, која може да ја отсликува голотија“.