Фејсбук го суспендираше профилот на Мадуро, тој го нарече „дигитален тоталитаризам“

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Венецуелската влада во неделата го обвини Фејсбук за „дигитален тоталитаризам“ откако го замрзна профилот на претседателот Николас Мадуро за 30 дена за ширење дезинформации за Ковид-19.

Фејсбук викендов за Ројтерс изјави дека го избришал и видеото на кое се гледа како Мадуро го промовира Карвативир, лек произведен во Венецуела, за кој тврди, без докази, дека ја лекува болеста. Лекот се базира на мајчина душица.

Фејсбук соопшти дека ги следи упатствата на СЗО дека во моментов нема лек за ковид-19.

„Сведоци сме на дигиталниот тоталитаризам на наднационалните компании кои сакаат да ги наметнат своите правила на земјите во светот“, коментира Министерството за информации на Венецуела.

Фејсбук одби да ги коментира вестите.

Мадуро, кого САД и многу западни земји го сметаат за диктатор, во неделата објави на Твитер дека ќе го објавува својот секојдневен брифинг за коронавирусот на профилот на неговата сопруга, Силија Флорес

Венецуела пријавила 155.663 случаи на инфекција со коронавирус и 1.555 смртни случаи.

Слични содржини