Фејсбук и НАСА организираат видео разговор со астронаути на МВС

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Основачот на “Фејсбук” Марк Цукерберг ќе биде водител на директен видео разговор со астронаутите на Меѓународната вселенска станица. 4846588Корисниците на социјалната мрежа имаат можност да поставуваат прашања кон космонаутите и да го набљудуваат настанот на 1 јуни преку функцијата за живо видео емитување “Facebook Live”, која во моментов е силно промовирано од Цукерберг и потчинетите.

Во разговорот ќе учествуваат астронаутите на НАСА Тим Копра и Џеф Вилијамс, како и Британецот Тим ​Пик од Европската вселенска агенција. Тројцата во моментов се наоѓаат на палубата на орбиталата станица. Почетниот час на настанот е 19:55 македонско време во средата, 1 јуни.

Пред тоа тие што сакаат можат да ги постават своите прашања на “Фејсбук” страницата на настанот – https://www.facebook.com/events/1763878947164869/. “Како е да живееш и работиш во условите на микрогравитација во орбитата околу Земјата? Како истражувањата во вселената помагаат за подготовка на испраќање на луѓе на Марс? “, се дел од пример прашањата со кои НАСА ја буди имагинацијата на публиката.