“Фејсбук” (Facebook) ќе овозможи 24-часовно емитување во живо преку видео услугата “Live”, соопшти сајтот “Теккранч”.
Досега стримовите се лимитирани до 90 минути. Во новата опција за деноноќно емитување сепак нема да биде можно архивирањето и прегледување подоцна на видео материјалот. Така ќе отпадне и опцијата да се “движи” кон најдобрите моменти дефинирани преку коментарите и реакциите на корисниците.
Заедно со 24-часовното видео емитување “Фејсбук” претстави и друга опција на “Live” функцијата – таргетирање на географски принцип. Со него објавените видео содржини ќе можат да го ограничат пристапот до него само до одредени земји и локации што го прави “Фејсбук” удобен за емитување на спортски настани со лимитирани права.
“Live” веќе нуди и додавање на графики на екранот и одржува режим на емитување од неколку камери, па е прашање на време појавата на првиот 24-часовен канал на “Фејсбук”, коментираат од сајтот “Енгаџет”.