Фејсбук ќе пушта реклами и на Месенџер

од desk4
102 прегледи

Од втората четвртина оваа година, односно од април, па натаму, Facebook ќе им овозможи на огласувачите да го користат и Messenger сервисот за промовирање на нивниот бизнис.

facebook-

Порталот TechCrunch ја објави оваа информација. Се повикува на  документ кој Facebook го има испратено на некои од нивните најголеми огласувачи, најавувајќи ја новата можност.

Рекламите ќе бидат прикажувани во форма на порака, а огласувачите, односно сопствениците на Facebook страни, ќе можат да испратат ваква порака само на тие корисници коишто имаат започнато комуникација со нив. Facebook страните и сега можат само да одговорат на пораки, но не и да ги започнат со било кој корисник, без разлика дали е фан на нивната страна.