Фејсбук планира да го СМЕНИ ИМЕТО?

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Американскиот технолошки гигант „Фејсбук“ планира да го смени името следната недела, пишува технолошкиот портал „Врџ“.

Порталот, повикувајќи се на свои неименувани извори, наведува дека директорот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, планира да разговара за промена на името на компанијата на 28 октомври на годишната конференција „Поврзи се“, но тоа би можело да се направи порано.

Фејсбук соопшти дека не коментира „гласини или шпекулации“.

Веста за промена на името беше објавена во време кога компанијата се соочува со зголемена контрола од американските власти поради начинот на водење бизнис.

Аналитичарите велат дека промената на името „Фејсбук“ ќе овозможи подобро да ги контролира групите што се под негово покровителство, како што се „Инстаграм“, „Ватсап“, „Окулус“ и други.

„Врџ“ посочува дека не е невообичаено големите компании од Силиконската долина да го сменат името за да ги прошират своите услуги.

Гугл ја формираше Алфабет како холдинг компанија во 2015 година за да се прошири надвор од бизнисот со пребарување и рекламирање и ја надгледува работата на голем број компании – од самоуправувачки возила и здравствена технологија до обезбедување Интернет во оддалечените региони.

Промената на брендот или името, исто така, ќе го одразува вниманието што „Фејсбук“ го посветува на изградбата на таканаречениот метаверзум, кој е „виртуелен свет во кој луѓето можат да користат разни уреди за движење и комуникација“.

„Фејсбук“ имаше големи инвестиции во виртуелна реалност и зголемена реалност и има намера да поврзе скоро три милијарди корисници преку неколку уреди и апликации.

Слични содржини