Фејсбук снимал разговори на своите корисници

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Социјалната мрежа Фејсбук снима разговори на своите корисници, се вели во извештај.

Од компанијата им ги давале на другите компании снимките, за да го транскрибираат кажаното, пренесува АФП.

„Блумберг“ стапи во контакт со Фејсбук и праша дали е точно она што се вели во извештајот објавен денес од американските медиуми.

Фејсбук потврди дека тие снимале корисници, но додадоа дека тоа е направено со нивна согласност и практиката е веќе прекината.

Според компанијата, снимките биле тестови за вештачка интелигенција, за да се утврди нејзината способност да се преведе она што е кажано на друг јазик.

Единствените корисници кои биле погодени биле оние кои ја користеле апликацијата Messenger и не забранувале транскрипција на разговори во неа.

Веста доаѓа во време кога социјалните мрежи, а особено Фејсбук, беа критикувани за собирање огромни количини на податоци за потрошувачите.

Фејсбук неодамна беше казнет со 5 милијарди долари за злоупотреба и складирање на милиони корисници.

И Фејсбук, и другите гиганти, кои нудат гласовни асистенти – Амазон и Епл, признаваат дека ги снимаат корисниците, давајќи различни објаснувања.