Фејсбук тестира функција за пораки кои исчезнуваат по еден час

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Од социјалната мрежа Фејсбук објавија дека развиваат нова функција за Messenger, со која доставети пораки на корисникот ќе се бришат автоматски по определен временски период. До моментов тестовите се изведуваат само во Франција.zx450y250_2653428

“Правиме мал тест во Франција, каде новата функција им овозможува на луѓето да испраќаат пораки кои исчезнуваат по еден час. Исчезнувањето на пораки обезбеди уште една забавна опција за комуникацијата во Messenger”, се наведува како цитат на Facebook во извештај на AFP.

Според извештајот, некои корисници во Франција забележуваат мала икона на песочен часовник во десниот горен агол на екранот, додека се во Messenger. Со допир на иконата корисниците можат да праќаат пораки, кои по еден час веќе не постојат во “кутијата” на примачот. Тестовите се изведуваат како за Android, така и за iOS.

Интересно е да се спомене дека овој нов Facebook концепт потсетува исклучително многу на предложениот од платформата на Snapchat. Со спроведувањето на Facebook проектот, двете социјални мрежи би се претвориле во директни конкуренти. Од Snapchat ја објаснуваат својата политика за брзо испарливи пораки, со тоа што на тој начин корисниците добиваат повисока сигурност и чувство дека се во состојба да ја задржат доверливоста на своите слики и видеа.

Социјалната мрежа Snapchat постои од септември 2011 година и ужива висока популарност меѓу американските тинејџери, а во последно време се шири сè повеќе и кај нас. Во 2013 година Snapchat отфрли понуда од 3-милијарди за откупување од Facebook.

Сепак изгледа дека од Facebook нашле начин за да постигнат својата цел. Компанијата е позната по своите релативно чести тестови со кои цели сè повеќе да ја усовршува платформата за разговори.