Фејсбук веќе има близу 1,5 милијарди корисници

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Бројот на корисници на социјалната мрежа “Фејсбук” се зголеми за 13%, достигнувајќи 1,49 милијарди корисници кои се регистрирани во извештај на социјалната мрежа. 655-402-a (1)

Секој ден таа се користи активно од 968 милиони луѓе низ целиот свет, што е зголемување за 17% во споредба со истиот период минатата година.

Во извештајот се наведува дека во вториот квартал на 2015 година приходите на “Фејсбук” биле во износ од 4,04 милијарди долари, што значи раст од 39%.

Чистата добивка на компанијата сепак е намалена во изминатото тримесечје со 9% до 719 милиони долари, а производствените и внатрешните трошоци се зголемија во тоа време со 82%.

Ако зголемувањето на приходите не се одразува на профитот, ова делумно се должи токму на повеќето трошоци кои во последниот квартал биле во износ од 2,8 милијарди долари, истакна Франс прес.