Компанијата „Фејсбук“ денес објави дека ќе ги отстрани содржините кои ја фалат, слават или исмејуваат смртта на Џорџ Флојд, додека се очекува пресуда на судењето на Дерек Шовин, поранешен полицаец од Минеаполис, кому му се суди за убиството.
Компанијата соопшти дека разгледува потенцијални закани и на Фејсбук и на Инстаграм за да ги заштити мирните протести и да се ограничи содржината што може да доведе до граѓански немири или насилство, објави „Ројтерс“.
Тоа вклучува идентификување и отстранување на повиците за носење оружје во областа околу Минеаполис, за што привремено се смета дека е ризична локација, наведува компанијата на својот блог.
Таа исто така ќе ги следи случувањата на терен за да утврди дали дополнителни локации се сметаат за привремено ризични места.
Ние исто така работиме на заштита на сеќавањето на Џорџ Флојд и членовите на семејството Флојд од малтретирање и злоставување, соопшти компанијата.