„Фејскини“ е нов тренд на плажите: Дали би го носеле?

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

Покрај бикини, кинеските жени годинава започнаа да носат „фејскини“ – парчиња ткаенина што се дизајнирани да спречат горење на лицето при престој на плажа.

„Фејскини“ за многумина изгледа како фантомка – има отвори само за очи, уста и нос. И покрај фактот дека тие станаа популарни ова лето, моделот беше создаден во 2004 година, а го дизајнираше Занг Шифан, кој порано работел како сметководител.

Освен што штити од несакани УВ зраци, оваа „маска“ спречува и каснување од инсекти, но и потенцијални изгореници на медуза.

Фејскини е направена од ткаенина што се користи и за правење костуми за капење.

Пред две години, Шифан лансираше нови модели на фејскини кои го покриваат и лицето и целото тело. Обичните модели чинат од 2 до 4 долари, а малку поелегантните се поскапи – од 16 до 24 долари.

– Мојата цел беше да ги заштитам луѓето од сонцето и медузите – вели дизајнерот Фејкинија.

– Но, ние Азијците имаме жолта кожа, поради што многу лесно добиваме темен тен и не сметаме дека тоа е убаво. Наш идеал за убавина се луѓе со светла кожа, па оттука и идејата да се заштити лицето на овој начин, истакна тој.

Слични содржини