Феминистките против апликација за мерење на градите

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Јапонски програмери имаат креирано апликација за паметни телефони, која прецизно ги мери градите, за да им се олесни на дамите во изборот на секој иден градник, пишува “Дејли експрес”.4b00b646af3c7bea8b4ac750e92ed63d

Сè што корисничката треба да направи е да го стави смартфонот со вклучена апликација меѓу градите, и да чека неговите камера и сензор да ја одредат нејзината големина на чашката на градник.

Според програмерите четири од пет жени во светот или не го знаат точниот износ на корпите, или го мешаат, кога купуваат нов градник.

Моментално апликацијата ЧиЧи се тестира во Јапонија. Се очекува апликацијата да биде пуштена во продажба до средината на јануари 2016 година.

И покрај користа од слична апликација јапонска феминистичка организација не пропушти да јљ  осуди.

“Бесмислено е да плаќаме за нешто што е проектирано од мажи, од што жените во реалноста немаат потреба. Секоја дама инстинктивно знае дали градникот ѝ одговара или не. Ја сметаме оваа графичка контрола за непотребна и препорачуваме таа да биде избегната “, пишуваат феминистките.