Во очекување на новата година секогаш правиме планови за промените кои сакаме да ги оствариме во неа. Во пресрет на празникот секој од нас има свои мали ритуали, за кои смета дека ќе му донесе среќа.
Според фенг шуи, ако почитуваме некои мали правила, можеме да ја започнеме новата година со позитивна енергија и став.
Првиот и најважен чекор е да се исчисти добро вашиот дом. Бидете сигурни дека сите непотребни предмети или такви кои се скршени или оштетени електрични уреди веќе не се дел од вашиот живот. Собирањето на едно место на скршени предмети ќе ја покани сиромаштијата во вашиот дом. Откако ќе исчистите може да запалите свеќа со мирис на темјан.
Грижете се за себе. За оние од вас кои бараат љубов во својот живот новата фризура може да биде првиот чекор кон изнаоѓање на нов партнер во 2016-та година.
Носете бои, кои ќе ви донесат среќа. Облечете нешто во црвено за власт и зелена, за да имате богатство.
Овошјето присуствува на секоја празнична трпеза, вклучувајќи ја и новогодишната. Кое и зошто треба да го изберете?
Ананас – плод, кој носи среќа.
Портокал – Во кинеските традиции го претставува златото, а заоблениотоблик симболизира пари.
Јаболко – Кинескиот збор за јаболко е “пинг”, што значи хармонија.
Грозје – Овој плод претставува луксуз. По традиција тоа било исхрана на кралското семејство.
Манго – сладоста на сочното манго значи сладост во односите со блиските.
Лимон – Мирис кој ќе ги отстрани негативните емоции.
Лубеница – Бојата значи просперитет, но и изобилство.
Папаја – Бојата го симболизира златото.
Авокадо – Комбинацијата од зелени и виолетови нијанси симболизира просперитет.
Додадете во домот различни симболи на среќа, кои по желба може да се најдат и во форма на дијамант.
Едни од најпопуларните симболи за среќа се:
Бамбус – Одличен начин за привлекување на пари и богатство.
Црвени фенери – За среќа во бракот.
Трикрака жаба – Привлекува изобилство.
Змеј – За да имате успеси во кариерата.
Кинеско куче Фу – Чувар на домот и богатството.