Целиот дом може да биде опремен според фенг шуи. Ова важи дури и за бањата. Всушност, тоа е многу важна просторија од домот. Од неа истекува истечната вода која е во врска со негативната енергија од телото и дава можност на енергијата Чи да се лее слободно.
За што треба да внимаваме, ако избираме ново живеалиште?
Според фенг шуи, бањата и тоалетот не треба да се во близина на влезната врата. Причината е дека свежата енергија Чи може да “истече” низ влезната врата пред да проциркулира доволно низ целото живеалиште.
Бањата исто така не треба да се наоѓа во близина на кујната. Ако сте одбрале да купите куќа, бањата во никој случај не треба да се паѓа над кујната. Чи ќе ја води загадената негативна енергија право кон храната и ќе ја полни со негативен полнеж. Тоа штети на здравјето и благосостојбата.
Бањата треба да лежи на север и што е можно подалеку од очите на вашите гости, кои влегуваат низ влезната врата. Причината е дека ако бањата е сместена во која и да е друга насока, таа ја дестабилизира целокупната енергија на домот.
Ако бањата е сместена на северозапад, која насока е дозволена меѓу сите различни од север, ставете голем кактус на влезната врата. Така ќе спречите проблеми кои можат да произлезат поради локацијата.
Тоа дури може да предизвика психички проблеми, не само физички.
Подот на бањата не треба да е повисок од оној во другите соби во станот.
Тоалетот и бањата не треба да се наоѓаат во близина на скалите.
Блиц фенг шуи совети за бања:
- Редовно чистете ја бањата за да се канализира енергија;
- Чувајте ја секогаш вратата затворена;
- Капакот на тоалетот, исто така треба да е секогаш затворен;
- Поправајте штом тоа ќе се наметне;
- Не чувајте уништени завеси за бања – менувајте ги веднаш;
- Заменете ги изабените четки за заби;
- Редовно чистете го огледалото.
Сето ова има значење, затоа што го подобрува и олеснува преминувањето на енергијата како што се прочистува преку истечната вода во бањата.
Соодветни бои за бања според фенг шуи:
Беж
Крем
Бледо сино
Сива
Ако кон овие бои додадете и црн или црвен елемент во бањата, ќе спречите загуба на богатство од вашиот дом.