ФЕНОМЕН КОЈ ТЕШКО МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ: Што мислат руските граѓани за УПОТРЕБАТА НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин може да биде задоволен, иако не успеа да ја покори Украина како што се надеваше. Можеби изгледа чудно од перспектива на либералните демократски општества, но речиси три години откако тој ја нареди инвазијата, дури и опозициските руски медиуми како „Медуза“ и „Новаја Газета“ признаваат дека Кремљ немора да се плаши од антивоени чувства. Со други зборови, Путин има поддршка да ја продолжи војната додека сака.

Еве го аргументот што тие го користат: во ноември одобрението за работа на Владимир Путин достигна историски максимум од 87 проценти. Повисок рејтинг е забележан само во 2008 и 2014 година, кога изнесуваше 88 и 89 проценти. Сепак, на крајот на 2021 година, рејтингот на Путин беше блиску до најниско ниво на сите времиња, на само околу 60 проценти. Кога во јануари 2022 година беше објавена можноста за војна со Украина, неговата популарност се зголеми. Буквално од моментот кога руските трупи ја преминаа украинската граница, неговата популарност се приближи до 80 проценти и остана на тоа ниво во текот на 2022 година и дел од 2023 година. Сега се приближува до рекордни вредности.

„Руското општество се консолидираше околу воените операции“, изјави деновиве Алексеј Левинсон, шеф на социокултурните истражувања во Центарот Левада.

Центарот Левада, институт за истражување на јавното мислење што руските власти го означија како „странски агент“ во 2016 година, ужива меѓународна репутација за објективност. Кога таква институција ќе заклучи дека Русите го поддржуваат Владимир Путин и неговата политика, тоа значи дека нема основа да се очекува бунт против режимот.

Феномен кој е тешко да се објасни

Истовремено, се појави феномен кој е тешко рационално да се објасни, а се сведува на тоа дека оптимизмот и одобрувањето на моменталната состојба се комбинираат со оценката дека иднината нема да биде подобра, туку потешка. Граѓаните веруваат дека ќе победат и дека Русија ја очекуваат добри политички денови, но дека народот го чека тежок период. „Апатијата навлезе во руското општество“, пишува Медуза.

Ова се совпаѓа со тврдењата на социолозите Владимир Ишченко и Олег Журавлиев, според кои сегашната поддршка за војната не е резултат на искреното придржување кон империјалистичката идеологија. Напротив, појавата на поддршка е последица на „длабока деполитизација“, односно верување дека политиката и секојдневниот живот не се поврзани.

Сепак, поддршката за „акциите на руските вооружени сили во Украина“ останува стабилна, при што 70–80 проценти од Русите целосно или делумно ги одобруваат воените активности. Покрај тоа, армијата ја ужива довербата на граѓаните и е веднаш зад претседателот Путин. Сепак, половина од жените и 60 отсто од младите не би ја одобриле одлуката на нивните најблиски да се приклучат на војската. Од друга страна, околу 40 отсто од населението би ја поддржале таа одлука.

Додека 45-55 отсто од испитаниците ги поддржуваат мировните преговори, 35-45 отсто се за продолжување на конфликтот. Социолозите сметаат дека тоа е во спротивност со високиот процент на поддршка за воени акции. „Многу Руси ќе речат: „Ние сме за војна, но ние сме и за мир“. Половина од Русите би ги поддржале мировните преговори под руски услови, додека само 30 отсто би биле подготвени да се откажат од дел од украинските територии“.

„Ако почнавме војна, мора да ја завршиме“

На крајот на 2022 година, многу Руси веруваа дека војната не требаше да започне. Меѓутоа, сега се шири ставот: „Ако почнавме, мораме да завршиме за поголемиот дел од Русија, војната се одвива „некаде далеку“, граѓаните не гледаат секојдневно уништување и смрт.

Исто така, пропагандата го убеди руското општество дека војната може да прерасне во конфликт со НАТО. Употребата на нуклеарно оружје станува се поприфатлива; додека претходно над 50 отсто од граѓаните веруваа дека нуклеарното оружје не е оправдано, сега тој процент е 45. „Ова се алармантни податоци“, заклучува Левада.

Авторитетот на Путин и очекувањата на граѓаните

Лев Гудков од Центарот Левада на крајот на 2023 година изјави дека владеењето на Путин ќе биде загрозено само во случај на неповратен пораз во Украина.

Социолошките истражувања покажуваат дека граѓаните очекуваат две клучни работи од лидерите: заштита од економската криза и враќање на Русија на светската сцена.

„Верувањето во Русија како голема земја го компензира чувството на сиромаштија и заостанатост“, смета Гудков.

Авторитетот на Путин, без сомнение, почива на фактот дека тој изгради моќна воена машина.

Слични содржини