Ферари за закани:Може да ја напуштиме Формула 1

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Еден од легендарните брендови на Формула 1 Ферари се закани дека ќе ги напушти трките, ако биде донесена одлука за одобрување на користење на евтини мотори од т.н. независни производители кои немаат искуство во најпрестижната автомобилска трка.

20151215.pfcxgxpcqw

Претседателот на ФИА, Жан Тод и носителот на комерцијалните права на Формула 1 Берни Еклстон побараа од Светскиот совет за автомобилски спортови да се произнесе по голем број на предлози за подобрување, меѓу кои и тоа за користење на мотори од независни производители.

Одлуката мора да биде објавена до 31 јануари. Се верува дека ефтините мотори, поради кои се незадоволни од Ферари, ќе им помогнат на помалите тимови да постојат во Формула 1 со ограничените буџети.
“Ако тоа биде прифатено, Ферари ќе бараат други начини да демонстрира способност да се натпреварува и да победува . Нашето напуштање на Формула 1 ќе биде срамно, но ние нема да дозволиме да бидеме ставени на колена во аголот и да стоиме без реакција “, изјави претседателот на” црните коњчиња “Серџо Маркионе.”
„Ако ја направиме Формула 1 како НАСКАР, ќе ја изгубиме предноста на искуството и знаењето поради поевтини решенија. На иста позиција со нашата се и Рено и Мерцедес.“