294
Филипинскиот конгрес денеска го потврди изборот на Фердинанд Маркос Јуниор за претседател на Филипините, речиси четири децении откако неговиот татко беше соборен во револуција.
„Ќе ве замолам да ми посакате среќа, сакам да направам нешто добро за оваа земја“, изјави Маркос, кој на неодамнешните избори освои речиси 59 отсто од гласовите, пренесува „Ројтерс“.
Сенатот и Претставничкиот дом за потпретседател ја именуваа Сара Дутерте, ќерката на претседателот во заминување Родриго Дутерте, чиј мандат истекува на 30 јуни.
Фото: AP Photo/Aaron Favila