Фердинанд: Меси игра како Бог

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Аргентина и Хрватска вечерва од 20 часот ќе го играат полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Покрај средбата на двете репрезентации, ова ќе биде и пресметка на двајца одлични играчи, Лионел Меси и Лука Модриќ.

Рио Фердинанд, поранешниот англиски репрезентативец и ас на Манчестер Јунајтед е воодушевен од игрите на Меси во Катар.

„Меси е најдобриот поединец досега на Светското првенство. Тој игра речиси како Бог. Никогаш не сум видел такво нешто“, изјави Фердинанд.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња на пет натпревари во Катар постигна четири гола и забележа две асистенции. Тој директно учествуваше во шест од деветте гола на тимот.

Меси пред Светското првенство најави дека ова ќе му биде последно. Напаѓачот на ПСЖ има 35 години, а во кариерата само му недостига титулата светски шампион. Досега има освоено еден голем трофеј со репрезентацијата, Копа Америка минатата година.

Слични содржини