Фереро роше – најубавите славски колачи

од desk4
818 прегледи

Овој превкусен десерт се подготвува брзо и едноставно, а добро е што е погоден за слави и за време на пост

СОСТОЈКИ
– 200 г наполитанки со лешник
– 300 г крупно сечкани печени лешници
– 200 г маргарин
– 200 г чоколадо за готвење
Прелив:
– 300 г црно чоколадо со лешници
– 90 г маргарин
– 2 лажици масло
– дробени лешници за посипување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Издробете ги наполитанките и додајте ги лешниците. Изматете го маргаринот со стопеното чоколадо и веднаш додајте го во наполитанките. Измешајте да се соедини смесата и обликувајте бомбици. Ставете ги во фрижидер два часа да се стегнат. За тоа време направете прелив – чоколадото стопете го со маргаринот и маслото. Секоја бомбица натопете ја во преливот и редете ги на чинија обложена со хартија за печење. Посипете со дробени лешници и оставете ги да се стегнат во фрижидер. Кога ќе бидат готови ставете ги во хартиени корпички за колачи.

Слични содржини