Ferrari официјално потврди дека ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил на 9 октомври.
На состанокот со инвеститорите, претседателот на компанијата, Џон Елкан, исто така, откри потенцијално име – Ferrari Elettrica.
Иако името можеби не звучи особено имагинативно, тоа се вклопува во практиката на брендот да користи италијански имиња, како што се LaFerrari или 12Cilindri.
Експертите сè уште се прашуваат дали Ferrari навистина ќе се држи до едноставното име „Elettrica“.
Прототипите тестирани на патиштата откриваат дека новиот модел ќе има 4 врати и кросовер форма, иако Италијанците го избегнуваат терминот SUV. Целта е да се привлечат нови клиенти, а воедно да се задржи традиционалната клиентела, пишува autobild.de.
Ferrari веќе отвори нов истражувачко-производствен комплекс „e-Building“ во Маранело, каде што ќе развива и произведува свои батерии, електрични мотори и други компоненти.
Она што е особено интересно е што Elettrica ќе добие посебен звучен модул, кој верно ќе го имитира звукот на моторот со внатрешно согорување – технологија за која Ferrari веќе поднесе патент во 2023 година.
Иако податоците за перформансите сè уште не се познати, се очекува автомобилот да понуди импресивни возни карактеристики. Цената би можела да биде околу 500.000 евра.
До официјалната премиера во октомври, ќе знаеме и дали електричниот Ferrari навистина ќе се вика „Elettrica“.