Ferrari претстави нови хибридни возила -почетна цена од 400.000 евра

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ferrari претстави нови хибридни возила со почетна цена од 400.000 евра.

Станува збор за нови верзии на купето V6 296 GTB и родстерот 296 GTS, кои инженерите ги модернизираа, ја намалија тежината и ја зголемија моќноста и брзината.

Основната цена на моделот 296 Speciale ќе биде 407.000 евра во Италија, додека почетната цена на моделот 296 Speciale A ќе биде 462.000 евра, објави Yahoo.

Првите испораки на моделот 296 Speciale во Европа се очекуваат во првиот квартал од 2026 година, а моделот 296 Speciale A ќе следи три месеци подоцна.

Купето 296 Speciale е 60 кг полесно и има дополнителни 49 коњски сили, со што вкупната моќност изнесува 868 коњски сили.

Максималната брзина надминува 330 километри на час, а забрзувањето од 0 до 100 километри на час се постигнува за 2,8 секунди, објави Ферари.

Слични содржини