На Градската плажа „Под јаворите“ во Стар Дојран денеска ќе се одржи Фестивал на дивите смокви.193077

Манифестацијата ја организира Слоу Фуд Дојран во соработка со Слоу Фуд Тера Гевгелија, Слоу Фуд Росалес Богданци и Слоу Фуд Валандово, како дел од Президиумот на слаткото од диви смокви во југоисточна Македонија.

Настанот се најавува како гастрономско патување кое на посетителите ќе им овозможи да ги откријат медитеранските вкусови на Дојран и да уживаат во нив.

Производителите, членови на Слоу Фуд президиумот; ќе ја презентираат подготовката на слатко од диви смокви, по што ќе следува и негова дегустација, ќе се разменуваат рецепти и искуства, а поставени ќе бидат и изложбено-продажни штандови на производи од мали производители од југоисточна Македонија.

Предвидена е и едукација, како и дегустација на автентични локални производи и специјалитети.

Како што информираат организаторите, дел од Фестивалот е планиран и за културно-уметничка програма.

Поддржувачи на манифестацијата се Слоу Фуд Фондацијата за биодиверзитет и Општина Дојран.

Слични содржини