Фестивалот Денови на македонска музика од 17 март до 8 април на три локации во Скопје

од Milan1
36 прегледи

Фестивалот Денови на македонска музика (ДММ) по 48. пат ќе се одржува од 17 март до 8 април на три локации во Скопје: Филхармонија, Музеј на македонската борба и Национална опера и балет.

„Фестивалот ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов. Ќе има девет концертни вечери, дела од 30 македонски композитори, три авторски јубилеи, седум ансамбли и повеќе од 30 солисти“, велат од Сојузот на композитори на Македонија.

Од ДММ велат дека на својата веб-страница и на социјалните мрежи ќе ја објавуваат програмата за концертите што следат.

Слични содржини