Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците (АА) смета дека Демократската унија за интеграција како втор по големина владин партнер, и преставник на Албанците не успеела да ја реализира својата програма и ветувањата.
Според него, покрај големата лага за Албанец премиер, ДУИ нема рализирано ништо од своите изборни ветувања.
– Оваа влада штотуку влезе во вториот дел од мандатот. Покрај големата лага за Албанец премиер, ДУИ нема реализирано друго изборно ветување. Ова треба да биде јавна расправа, а не дали Бујар е убав министер или колку метри има задникот на Артан, сепак овие внатрешни игри и одговараат на ДУИ да ја дефокусира јавноста од нивните нереализирани ветувања, вели Фетаи.
Тој наброи и неколку од неисполнетите ветувања на ДУИ:
❌ Албанскиот јазик е задолжителен за секој ученик од 5-то одделение
❌ Прогласување на 13 август за државен празник (Денот на потпишувањето на Охридскиот договор)
❌ Менување на химната
❌ Врховен суд за еднаквост
❌ Задолжителен ветинг за секој политичар, судија и државен службеник
❌ Петок е слободен ден
❌ Минимална плата 600 евра за секоја медицинска сестра, наставник и воспитувач.
❌ Здравствен дом во секоја општина
❌ Социјална пензија за жени без приходи
❌ Казина на 1 километар од училишта, градинки, цркви и џамии
❌ 20.000 € за секој нов земјоделец
❌ Позајмица од 20.000 евра за да ја купиш првата куќа
❌ Задолжително предучилишно образование и дневен престој за секое дете
❌ Стручно училиште во секоја општина.
❌ Фонд младите