Фетаи: Не постои голема заштита за насилство врз жените во Кривичниот законик

320 прегледи

Актуелниот кривичен законик во однос на жените не нуди многу заштита од насилството врз жените, потенцираше обвинителката, Фатиме Фетаи во рамки на научната дебата за „Родова еднаквост на жените и насилство: приоритет или предизвик“ во Битола.

Како што посочува, Фетаи, Кривичниот Законик поседува една дефиниција за семејно насилство посочена во член 122 и затоа потребни се дополнувања со нова дефиниција за насилство врз жени.

„Актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жени. Во Кривичниот Законик има само една дефиниција за семејно насилство посочена во член 122 со која како семејно насилство се дефинира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово и друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв…Но, со оглед дека нашата држава ја ратификува Инстанбулската Конвенција чија цел е заштита на жените и елиминирање на сите форми на насилство и дискриминација, како неопходна се наметнува потребата од соодветни измени во Кривичниот Законик, почнувајќи од воведување на дефиниција за насилство врз жени, покрај веќе постоечката дефиниција за семејно насилство затоа што во неа влегува само одредена категорија на жени. Со таа дефиниција за насилство врз жени ќе се прецизираат кршењето на човекови права и облик на дискриминација врз жените, и би се однесувала на сите форми на родово засновано насилство кое резултира или ќе резултира во повреда од физичка, сексуална, психолошка или друга природа и лишење од слобода кои се случуваат во јавниот или приватниот живот. Исто така потребни се нови облици за заштита од кривични дела како што се сексуално вознемирување и кривичното дело демнење, истакна Фетаи и додаде дека за неа е неприфатлива познатата стара реченица –истрагата е во тек, и препорачувам рече таа, зголемување на итноста при постапувањето по кривични дела од ваква природа.

Слични содржини