Fiat ќе произведува автомобили во Алжир

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Stellantis потпиша рамковен договор со Алжир за развој на активностите на брендот Fiat во оваа земја, вклучително и локалното производство на автомобили.

Договорот опфаќа проекти за развој на индустриски и продажни активности, производство и дистрибуција на резервни делови, како и генерален развој на автомобилскиот сектор во Алжир, посочи Stellantis.

Групацијата, која ги вклучува Peugeot, Citroen, Alfa Romeo, Jeep и Opel, се уште не објави повеќе детали за претстојните активности во оваа африканска земја.

Деловната клима во Алжир претходно беше неповолна за производството на автомобили. Во 2019 година, владата го забрани увозот на комплети за склопување возила и користени автомобили и воведе нови царини. Затоа Renault, Volkswagen Group и Hyundai-KIA ги затворија своите фабрики до 2020 година.

Алжирската влада сега е подготвена да ја рестартира автомобилската индустрија. Локалните медиуми јавуваат дека забраната за увоз на половни автомобили е делумно укината, а Renault планира да ги активира производните линии во фабриката во Оран, која е затворена од февруари 2020 година.

Слични содржини